Ливерпул поведе по половина час игра со гол на Александер-Арнолд, изедначи Кастањ во судиското продолжение од првото полувреме.
По осум минути игра во вториот дел Гранберх го врати водството на Ливерпул, а Диого Жота во 72. минута ги постави конечните 3-1.
Арсенал и Ливерпул имаат ист број на бодови на врвот во Премиерлигата, Манчестер Сити има бод помалку, но и натпревар помалку.
Денеска се одиграа уште три меча: Евертон – Нотингем форест 2-0, Астон Вила – Борнмут 3-1 и Кристал Палас – Вест Хем 5-2.