„Синоќа во 21.55 часот полициски службеници од Гостивар го лишиле од слобода косовецот А.Т.(60), во врска со сообраќајната незгода што се случила на магистралниот пат Гостивар-Кичево на излезот од Гостивар. Тој е задржан во полициска станица и во текот на денешниот ден по претходна брза постапка ќе биде изведен пред надлежен суд“, соопшти СВР Тетово.
Порталот Гостиварисот.мк го објави идентитетот на загинатите гостиварци. Станува збор за Тургај Ризванче и Бекир Хоп. Возачот БМВ-то, Хоп, починал на лице место, додека Ризванче починал во гостиварската болница. Жртвите биле семејни пријатели. Хоп е сопственик на часовничарски сервис, додека Тургај Ризванче е сопственик на аптеките „Ризванче“.