Постапувајќи по претходна пријава од 35-годишник од Гостивар, со судска наредба бил извршен претрес во домот на Т.В., при што биле пронајдени и одземени разновидна документација, околу 25.000 евра во различни апоени и златен накит. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.
Лишен од слобода поради соменвања за изнуда, лихварство и фалсификување исправа
На 24.12.2024 во 02.30 часот во с.Неготино, Гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Т.В.(38) од с.Неготино поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „изнуда“ по член 258 став 1, „лихварство“ по член 260 став 2 и „фалсификување исправа“ по член 378 став 3 од Кривичниот законик.
Објавено на
часот