Верува дека вистинските животни достигнувања на професионален план допрва ќе ѝ се случат. На манекенството гледа како хоби, а ги издвојува ревиите во Италија на кои имала можност да учествува, ревии што за Лидија се одлично искусено искуство во однос на организацијата и професионалноста.
Зборува повеќе странски јазици, без никаков проблем.
„Заинтересираноста за странски јазици уште од мали нозе резултираше со моја професионална определба на полето на лингвистиката. Со оглед дека денешниот начин на живот познавањето на странски јазици го наметнува како неопходност, се надевам дека ќе успеам да совладам уште неколку“, објаснува таа.
Што се однесува, пак, до најдалечната дестинација каде што би сакала да пристигне, вели дека ја нема конкретно одредено, но…, „Можам да кажам дека сум непоправлив авантурист и би можела со денови да патувам со воз и непрекинато да гледам низ прозорец“.
Од странските модели, како највпечатливи ги издвојува Наташа Поли, Таниа Џиахилева и Изабела Фонтана. А за нашите смета вака:
„Секоја чест на веќе докажаните исклучоци, меѓутоа сметам дека во Македонија имаме премногу квантитет, а многу малку квалитет. На прсти се бројат тие што имаат изглед за да успеат надвор од границите на земјава, а тоа кажува многу“.
Убавата Лидија никогаш не држела диети, вели дека јаде речиси сè, но не поднесува премногу масна храна, а обожава зеленчук. Во текот на целата година многу пешачи, па смета дека пешачењето придонесува за одржувањето на нејзината совршена линија.
Сака да биде опкружена со убави луѓе, било да е тоа на работното место или во приватниот живот. А на прашањето дали убавината помага или одмогнува во работата, одговара:
„Убавината помага, да, меѓутоа е далеку од пресуден фактор за успех, според мене тој сепак најмногу е детерминиран од социјално-емоционалната интелигенција”.
Се обидува да се води според онаа латинската изрека
„Facta, non verba“.
Браво, Лидија!