„Дојдовме на кафе-муабет со Таравари, градоначалникот на Гостивар и претседател на Алијанса за Албанците, за да разговараме за претстојните нестани што не очекуваат, за нашата визија, планови за настани и средби со граѓани и да му искажеме солдарност, поддршка поради случувањата во изминатите денови“, рече Касами.
На прашањето кога ќе се официјализира коалицијата на Европски сојуз за промени со партискиот дел од Алијанса кој стои зад Таравари, Касами кусо одговори:
„Овие денови“.
Весникот Лајм објави и инсерти од состанокот, од кои може да се види дека состанокот се одржува во кабинетот на градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.