недела, 15 декември 2024

Левица: ДУП-от во Карпош ДПМНЕ го поддржа уште 2017 година

Објавено на

часот

Сподели

„На седницата на Советот на Општина Карпош беше изгласaн Деталниот урбанистички план за блок ССЗ 01.10 кој се наоѓа во Злокуќани. Со ова се исправа неправдата која е нанесена на жителите во овој дел од општината, поголем дел Ромско население, поради тоа што со децении не е усвоен ДУП, а со самото тоа не може да управуваат со нивните имоти и да ги уживаат правата кои ги имаат останатите жители на Општина Карпош.
Со овој план конечно ќе може да се легализираат куќите кои со децении се наоѓаат во ова населено место, а поради неможноста тоа да го направат досега, на жителите им се ускратени голем дел од правата. Дополнително, со нивната легализација ќе може голем дел од домаќинствата да се инкорпорираат во јавниот комунален систем и да добијат квалитетна услуга.
Ова е еден од ретките ДУП-ови кои немаат елементи на бетонизација. Земајќи го предвид ова како и придобивките за жителите на овој дел од Општина Карпош, за очекување беше истиот да го поддржат сите советнички групи.
Сакаме да напоменеме дека во овие политички игри ДПМНЕ ги вовлече и советничките од Независни кои без соодветно образложение гласаа против жителите на Злокуќани.
Нападите кон локалниот огранок на Левица во Општина Карпош се за очекување и претставува прелсикување на политиката која ДПМНЕ ја води на централно ниво, па за секој нивни неуспех, за секое национално велепредавство виновни се Левица, а не нивните функционери кои во Собранието на Република Македонија за многу штетни закони гласаа заедно со СДС и ДУИ“, се вели во реакцијата на Левица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ