понеделник, 24 февруари 2025

Левица предлага намалување на патарините за 50 отсто

Пратеничката група на Левица предлага измени и дополнувања на Законот за јавните патишта со кои ќе се овозможи намалување на цените на патарините за 50 отсто и законска регулација на висината на патарината и нивната наплата, изјави пратеникот Амар Меџиновиќ.

Објавено на

часот

Сподели

„Со години македонските граѓани плаќаат високи цени за патарини, додека патиштата остануваат во катастрофална состојба. Дупки, свлечишта, незавршени делници и криминални тендери. Само во 2023 година, државата наплатила 62 милиони евра од патарини со што Македонија е меѓу земјита со најскапи патарини во регионот и на континентот“, изјави Мециновиќ.

Првата измена е патарините да се намалат за 50 проценти, додека, втората висината на патарината и нивната наплата да биде регулирана со закон.

„Со овој закон износот што го плаќа народот за користење на патиштата ќе биде намален за половина, за сите категории на возила. Втората измена е тоа што висината на патарината и нивната наплата за прв пат ќе бидат регулирани со закон наместо со правилник на влада, затоа што сега беше регулирано со правилник на влада, а не со закон“, рече тој

Според Левица, ова ќе воведе транспарентност во носењето на одлуките поврзани со патарините.

„Овој закон треба да испрати порака до Владата дека законодавниот дом ќе ги заштити граѓаните во нивната бескурполозна алчност. Го повикуваме Собранието веднаш да го усвои овој закон, а за јавноста посочуваме дека од позиција на одлучување Левица би вовела вињета систем за нашите патарини“, дополни Меџиновиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ