петок, 1 ноември 2024

Левица поднесе кривична пријава против вицепремиерот Артан Груби

Политичката партија Левица денеска до Основното јавно обвинителство – Скопје, поднела кривична пријава против потпретседателот на Владата, Артан Груби од ДУИ, поради постоење основано сомнение за противправно стекнување и прикривање имот, кривично дело за кое е предвидена парична казна и казна затвор од шест месеци до пет години, соопштија од Левица.

Објавено на

часот

Сподели

„Пријавениот се товари дека во својство на овластено службено лице, како вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците во Владата на РМ, не го пријавил опожареното возило ауди во својот анкетен лист, иако, како избрано или именувано лице, т.е. јавен функционер бил должен тоа да го стори во законски регулирана постапка предвидена пред Држвната комисија за спречување на корупцијата“, се посочува во соопштението.

Со цел да го прикрие аудито, се додава, тој свесно и со умисла не го навел во Изјавата за имотната состојба и со помош на лицето Беким Лимани, во својство на помагач, возилото го завел како сопственост на Лимани, против кого, се наведува во соопштението, исто така е поднесена пријава за помагање сторено преку однапред ветено прикривање на кривичното дело.

„Очекуваме, надлежното ОЈО – Скопје, сериозно да ја земе во работа оваа наша издржана кривична пријава и по неопходниот распит на пријавениот и сведоците, како и по професионалното комплетирање на целокупната релевантна документација за овој кривичноправен настан, да покрене обвинение против актуелниот министер, со што еднаш, засекогаш би се ставил крај на сè позачестената злоупотреба која се прави од недопирливите јавни функционери на власта, во однос на прикривање на нивните реални имоти и противправно стекнати богатства“, соопштија од Левица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ