„Со иницијативата советниците бараат отворање на по една сензорна соба во секое средно училиште во град Скопје, со што ќе им се излезе во пресрет на барањата и потребите на децата со аутизам и ќе се подобри квалитетот на нивното образование и живот. Очекуваме оваа иницијатива да се најде на дневен ред на следната седница на Советот на Град Скопје“, се вели во соопштението на Левица.