На првиот меч кај Карабах, Шик во судиското продолжение го спаси Баер Леверкузен, тогаш мечот заврши 2-2.
Сега повторно Шик беше херојот на тимот на Чави Алонсо, овојпат даде два гола во судиското продолжение за победа од 3-2 и пласман во четвртфиналето од Лига Европа.
Карабах поведе со гол на Зубир во 58. минута, а потоа остана со играч поамлку откако Кафакулиев доби црвен картон.
Но и покрај тоа, Жунињо во 67. минута зголеми на 2-0 за Карабах.
Леверкузен со гол на Фримпонг во 72. минута намали на 2-1 и напаѓаше да се спаси.
Конечно дадоа гол во 93. минута преку Шик за 2-2 и кога сите мислеа дека ќе има продолженија, истиот фудбалер даде уште еден гол за победа од 3-2.
Брајтон славеше пирова победа над Рома од 1-0 со прекрасен гол на Велбек. Волчицата со вкупни 4-1 оди понатаму.
Ливерпул со 6-1 ја прегази Спарта Прага. Два гола даде Гакпо, по еднаш погодија Нуњез, Кларк, Салах и Собослаи.
Аталанта со 2-1 го победи Спортинг и со вкупни 3-2 оди понатаму.