петок, 18 октомври 2024

„Летопис на духовната пчела” – обемен труд на Кире Цирески-Кико за македонскиот опстој

Објавено на

часот

Сподели

Авторот ставил акцент на црковното организирање, како начин и средство за отфрлање на странските пропаганди во обидите за однародување на Македонците, потоа на формите на културно-образовно, спортско и сеопшто издигнување и зачувување на македонската самосвест.

Книгата ги обработува формирањето на македонските црковни општини, посебно „Св. Петка, како главна артерија на македонскиот опстој и крвоток на живото македонско ткивo, изградбата на цркви и манастири, културни домови, прифатилишта за стари и изнемоштени лица, спортски клубови и слично.

Во книгата се обработува и основањето на културно-образовниот центар „Илинден, како фундамент на македонското опстојување, на КУД „Илинден, на истоимениот шаховски, како и фудбалски клуб, пензионерското друштво „Св. Ѓорѓи, женското пензионерско друштво „Добро утро, Семинарот по македонистика…

Со текст и факсимили даден е преглед на случувањата од последните две децении, со судските спорови кои, во Австралија ги водеше владиката Петар против претставниците на црковните општини, граѓани и донатори, а што доведе до тешки последици и делби на македонското етничко и верско ткиво на потконтинентот.

За тоа се потрошени десетици милиони австралиски долари, од страна на владиката се продадени бројни објекти, а само нашите иселеници, како што наведува авторот, тој „луксуз на владиката ги чинел близу два милиони долари. Уште повеќе, после тоа, дојде до раскол во Австралиско-новозеландската епархија и поделбата на две епархии, со двајца владици. За иселениците, како и за авторот, тоа е „мрачниот период на духовната пчела.

„Културното и духовното живеење на Македонците во дијаспората претставува обемна материја, која, ниту малку не е начната, а низ која се проткајуваат многу суштински прашања за евидентирање на вистината за МПЦ, за македонскиот народ во минатото и денес во борбата за самоодржување и самодокажување на својот идентитет, манифестирајќи ја својата култура, наследство, јазик и литература. Со своите разни секции и активности МПЦО „Св.Петка, беше и е своевидна македонска амбасада, религиозен, култорно – информативен центар, со еден збор – бастион на овие австралиски пртостори и затоа е толку голем гневот кога ќе се посегне по нејзиниот опстој“, пишува, меѓу другото, отец Љупчо Двојакоски во предгворот.

В.М.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ