„Лога ѝ посака успешна работа на Ристоска со желба да се продолжи континуитетот на досегашната соработка со Европравда“, соопшти Министерството за правда.
Огласот од страна на Јавното обвинителство беше отворен од декември 2022 година согласно член 112 од Законот за меѓународна соработка во кривичната материја. Соработката со Европравда е од исклучително значење за Македонија од аспект на борбата со прекуграничен криминал и борбата против тероризмот, соопшти Министерството за правда.