Драмскиот текст „Лекција“ е на Ежен Јонеско, превод на Калиопа Петрушевска, а во режија на Ѓорѓи Ризески и кореографија на Бојан Мицев. Музички композитор е Антонио Ристески.
Во претсавата играат Ефтим Трајчов Ѓаурски, Димитрина Мицкоска Трајкоска и
Милорад Ангелов. Сценографијата е на Ефтим Трајчов Ѓаурски и Ѓорги Ризески.
Претставата е премиерно изведена во септември 2023 година, со поддршка од Министерство за култура и туризам и спонзорство од Лонгуров принт и НУ-У Библиотека „Гоце Делчев” Штип.
„Лекција” и натаму е на репертоарот на театарот во Штип, а истовремено доживува афирмација преку учества на домашни и интернационални фестивали.