среда, 4 декември 2024

Лејкерс против Минесота даде само 80 поени, најмалку во последните осум години (ВИДЕО)

Минесота лесно со 109-80 го совлада ЛА Лејкерс, главните ѕвезди на „езерџиите“ поминуваат низ голем пад во својата форма и тоа почна да се одразува на резултатите на екипата.

Објавено на

часот

Сподели

Лејкерс го доживеа петтиот пораз во последните седум натпревари. Постигнатите 80 поени се најлош скор на Лејкерс во последните безмалку осум години, односно 22 јануари 2017 кога загуби од Далас со 73-122. Освен одличната одбрана на Минесота, причина за тоа е и катастрофалниот шут на Леброн кој не може да погоди од дистанца во последно време.

Тој го заврши натпреварот со само десет поени, но за тројка шутираше 0/4 со што стигна до вкупно 0/19 од далечина на последните четири меча. Полош ефект од тоа имал само од 26 декември 2003 до 13 јануари 2004 година, во неговата дебитантска сезона во НБА лигата. Вкупно од игра, против Минесота имаше ужасни 25% (4/16) во што му се придружи Ентони Дејвис кој погоди само 4/14.

Џулиус Рендл со 18 поени беше најефикасен кај Минесота, а се истакна и Гобер со 17 поени и 12 скока. Дианџело Расел беше единствена светла точка кај Лејкерс со 20 поени и солиден шут од игра (8/12).

Резултати:
Атланта – Њу Орлеанс 124-112
Бостон – Мајами 108-89
Чикаго – Бруклин 128-102
Минесота – ЛА Лејкерс 109-80

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ