понеделник, 3 февруари 2025

Лефков: Судски совет да ја разреши судијката што го ослободила возачот убиец

Судски совет да ја разреши судијката што го ослободила возачот убиец, а ЈО да отвори истрага за истата. Возачот убиец кој ја усмрти младата Фросина Кулакова, дента наместо во возило требал да биде во затвор, ако судијката Даниела Алексовска Стојановска, наместо во поправен дом го испратила во затвор како што според закон и требала да постапи, изјави денеска Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

часот

Сподели

„Возачот убиец бил фатен за трговија со наркотици, и по ниту еден основ не можел да заврши во поправен дом. Судскиот совет да не чека да помине време, туку веднаш да ја разреши судијката Даниела Алексовска Стојановска, а ЈО да отвори постапка за истата како и зошто досудила таква одлука. ЈО и судството немаат повеќе слободно време, народот очекува да се фатат за работа и спроведување на законот. Одговорност мора да има“, рече Лефков.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ