среда, 12 март 2025

Лефков: И ЕУ бара да се справиме со корумпираниот систем

Не станува збор за притисок кога се бара да се почитуваат законите, не е форма на притисок кога вие сакате да направите реформи, затоа што во сите извештаи на Европската комисија е нотирана таа нефункционалност на Судскиот совет и оваа судска мафија, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков на денешната панел дискусија на темата „Реформи во судството, чекор кон ЕУ” . Тој вели дека штаб на СДСМ бил сместен во куќата на судијката Алексовска Стојановска, и потенцираше дека судиите коишто се дрзнуваат да кокетираат со политиката се оние коишто ги поткупуваат човековите права во државата.

Објавено на

часот

Сподели

Лефков рече дека треба да се преземат мерки и чекори со цел намалување на криминалот и корупцијата кои се длабоко вкоренети во судството.

„Станува збор за многу сложен сет на мерки кој треба да биде преземен. Самата европска мисија формираше една оценска комисија која даде 50 препораки, а 17 од нив можеа да бидат имплементирани без законски измени. Меѓутоа сето она што го гледаме деновите, преку јавни расправи за законите од безбедноста на сообраќајот, други јавни расправи или дебати, заклучуваме дек во Македонија немаме вооедначена судска пракса. Зборуваме за казни според Кривичниот законик, но од друга страна е јавниот обвинител кој ќе се договори со оној кој земал поткуп и за тоа ќе добие условна казна. Ни недостасува вооедначена судска пракса, јавност на судските пресуди и нивна споредливост, тргање на политиката од правосудството, треба да престане принципот во кој оние кои се блиски меѓу себе ќе најдат начин да ги одложат судските процеси, да имаат неразумно долго судење“, објасни Лефков.

Тој посочи дека Министерството за правда треба да го следи трендот на меѓународни препораки, барањата на граѓаните и она што бара ЕУ од нас за да имаме функционален систем каде ќе владее правото.

„Треба да се следат меѓународните препораки затоа што имаме еден куп меѓународни препораки, меѓутоа треба да ги оставиме да работат институциите. Владата знае што прави, ги има најдобрите информации, се разбира и Министерството за правда треба да го следи овој тренд, барањата на граѓаните, она што го бара ЕУ од нас и на тој начин верувајте дека ќе дојдеме до еден функционален систем каде ќе владее правото. Граѓаните ќе имаат доверба во судството и секој ќе го има она за што е основно човеково право, а тоа пристап до фер и независно судство“, дециден е Лефков.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ