среда, 5 февруари 2025

Лефков: Филипче мора да каже, каков однос имала неговата партија со судијката која го ослободила убиецот на Фросина

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков на партиска прес-конференција упати прашања до лидерот на СДСМ, Венко Филипче, со кои бара одговори каков бил односот на неговата партија со судијката Даниела Алексовска Стојановска, која го ослободила за претходно кривично дело 20-годишниот возач Васил Јованов, кој во сообраќајна несреќа ја усмрти 22-годишната Фросина Кулакова.

Објавено на

часот

Сподели

„Филипче да каже колку пари ѝ плаќале на судијката која го ослободи убиецот или примиле донација од неа?

Во семејната куќа во Ранковце, сопственост на Даниела Алексовска Стојановска е сместен партиски штаб на СДС.

Според закон, СДС можеле да го изнајмат деловниот простор во куќата на судијката и за тоа да платат кирија, или истата да им го отстапи без надомест, што ќе потпадне под поимот ‘донација’.

Венко Филипче мора да каже, каков однос имала неговата партија со судијката која го ослободила убиецот на Фросина. Дали СДС ѝ плаќал кирија на истата и колку и зошто ја одбралe токму нејзината куќа? Или пак станува збор за подарок на судијката кон СДС, во форма на отстапување на деловниот простор без надомест?

Каква и да е врската меѓу судијката Даниела Алексовска Стојановска и СДС, таа е длабока. Оттука го повикуваме Судскиот совет, имајќи го предвид ова, да ја разреши истата од функцијата судија“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ