петок, 7 февруари 2025

Леброн урна рекорд на Џордан, стана највозрасен играч во НБА со над 40 поени на натпревар

Леброн Џејмс со неверојатна партија го предводеше Лејкерс до победа над Голден стејт со 120-112.

Објавено на

часот

Сподели

40-годишниот Леброн Џејмс имаше спектакуларен меч, постигна 42 поени, а имаше и дури 17 скокови и осум асистенции за 38 минути игра и уште еднаш потврди дека годините не му тежат.

Со ова му се придружи на Мајкл Џордан како втор 40-годишник кој успеал да постигне над 40 поени на натпревар, но во исто време го собори рекордот на некогашниот играч на Вашингтон Визардс и сега е највозрасен играч кој постигнал 40+ поени на натпревар. Џордан тоа го направи со 40 години 2 дена, додека Леброн синоќа имаше 40 години и 38 дена.

Лејкерс ги решија сите дилеми околу победникот во првото полувреме кое го доби со 69-48 иако во вториот дел Голден Стејт успеа да се доближи до шест поени негатива. Интересно е тоа што двете екипи беа ослабени на овој меч бидејќи и едните и другите последната недела останаа без неколку значајни играчи, а новите кошаркари (Дончиќ, Вилијамс и Батлер) уште не дебитирале.

И Стеф Кари имаше партија за паметење, постигна 37 поени, но од дури 35 шута од кои 20 беа за тројка. Голден Стејт со овој пораз падна на 11. позиција на табелата во Западната конференција, додека Лејкерс се се поблиску до четвртото место.

Резултати:
Бостон – Далас 120-127
Минесота – Хјустон 127-114
Денвер – Орландо 112-90
ЛА Лејкерс – Голден Стејт 120-112
Портланд – Сакраменто 108-102
ЛА Клиперс – Индијана 112-119

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ