сабота, 19 октомври 2024
НБА

Леброн го доживеа највисокиот пораз во кариерата во меч во кој постави и нов рекорд (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Интересно, на овој меч Леброн Џејмс со 66.298 минути стана кошаркарот со најмногу време поминато на терените во историјата на НБА со што го помина Карим Абдул-Џабар.

Но, и покрај рекордот, Леброн оваа ноќ ќе ја памети по најтешкиот пораз во својата кариера, никогаш претходно тој нема загубено меч со 44 разлика или повеќе.

Филаделфија на овој меч постигна 22 тројки, а најдобар во победничкиот тим беше Џоел Ембид со 30 поени, 11 скокови и 11 асистенции. Леброн мечот го заврши со 18 поени, беше најефикасен во тимот на Лејкерс. А неверојатно е дека немаше ниту еден скок, тоа му се случува третпат во кариерата, претходно тоа му се случи во 2004 година како играч на Кливленд кавалирс, како и во 2010 година кога го носеше дресот на Мајами хит.

Резултати:

Детроит – Вашингтон 107-126

Индијана – Портланд 110-114

Филаделфија – ЛА Лејкерс 138-94

Јута – Њу Орлеанс 114-112

ЛА Клиперс – Денвер 104-113

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ