„Веќе 25 години расправаме за тоа. Постои нешто што е подобро од дебата, а тоа е гласање. Референдумското прашање кое би им било поставено на Французите би гласело – дали се сложувате со законот кој го укинува стекнувањето државјанство врз основа на правото на тлото“, порача Ле Пен и го повика премиерот Бајру да организира референдум за промена на законот.
Бајру претходно изјави дека е спремен да се вклучи во дебата за францускиот идентитет и многу чувствителното прашање за укинување на правото на државјанство врз основа на раѓање на тлото на Франција.