Претседателката на ЛДП Моника Зајкова е овластена да ги води преговорите за идно коалицирање.
„Континуирано дејствуваме во насока на брза интеграција на Македонија во ЕУ. Секојдневно ја потврдуваме нашата заложба во тој правец, па и оваа одлука, за приклучување кон коалиција со која имаме слични програмски определби и единствена цел брза европска интеграција , е донесена врз основа на идеалите кои ги негуваме. Нашата мисија е исклучиво во правец на работење за доброто на граѓаните и токму поради тоа ја очекуваме нивната поддршка на претстојните избори“, изјави Зајкова.
ЛДП, рече таа, следејќи ги демократските вредности и потребите на државата, ќе даде поддршка за формирање на техничка влада, која ќе ја гласаат и во која ќе учествуваат припадници на опозицијата.
„Апелираме да се почитуваат законските прописи и веднаш да се избере член на Државната изборна комисија (ДИК), со цел да не создаде ниту една причина која би можела да остави дамка врз изборниот процес“, истакнаа од Централниот одбор.
За шеф на Централниот изборен штаб на ЛДП е избран генералниот секретар Боби Мојсоски.
Избран е и тимот за програмски преговори во рамки на претстојната Коалиција, предводен од потпретседателот Валентин Груевски, претседателката на Форумот на жени – Билјана Аврамоска Ѓореска, претседателката на ЛиДеМ – Јелена Мишиќ и член на ИО – Горан Петрушев.