сабота, 27 јули 2024

Лазаров: Сите имаме добри спомени од Вараждин

Од првиот и вториот шешир добивме доста квалитетни репрезентации и секако дека можеше да добиеме уште поквалитетни противници, но треба да бидеме задоволни, изјави вечерва селекторот на македонската машка ракометна репрезентација, Кире Лазаров по извлекувањето на групите за светското ракометно првенство што ќе се одржи од 14 јануари до 2 февруари 2025 година во Хрватска, Норвешка и Данска.

Објавено на

часот

Сподели

„Задоволни сме пред сѐ со фактот дека ќе играме во Хрватска, Вараждин и ќе имаме огромна поддршка од нашите верни навивачи. Сите имаме добри спомени од Вараждин и се надевам дека повторно ќе биде така. Имаме доста време да се подготвиме квалитетно за светското првенство“, изјави Лазаров.
Машката ракометната репрезентација на Македонија ќе ја продолжи низата настапи на големите собири, бидејќи ќе биде дел од Светското првенство кое во 2025 година ќе се одржи во Хрватска, Норвешка и Данска.
По вечерашната ждрепка, Македонија ќе игра во групата Д, во хрватскиот град Вараждин. Во група со Македонија уште ќе бидат Унгарија, Холандија и Гвинеја.
Светското првенство се игра од 14 јануари до 2 февруари следната година.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ