сабота, 27 јули 2024

Македонија ги дозна ривалите за Мундијалот, ќе играме во Вараждин

Ракометната репрезентација на Македонија ќе ја продолжи низата настапи на големите собири, бидејќи ќе биде дел од Светското првенство кое во 2025 година ќе се одржи во Хрватска, Норвешка и Данска.

Објавено на

часот

Сподели

По драматичниот бараж и епскиот пресврт против Фарски Острови, македонските ракометари се изборија за место на турнирот.

Светската ракометна куќа – ИХФ ја организира ждрепката за групната фаза на натпреварувањето во Загреб. Македонија се наоѓаше во третиот шешир и во извлекувањето налета на Унгарија, Холандија и Гвинеја.

Групи за Светското првенство:

Група А: Германија, Чешка, Полска, Швајцарија
Група Б: Данска, Италија, Алжир, Тунис
Група Ц: Франција, Австрија, Катар, Кувајт
Група Д: Унгарија, Холандија, Македонија, Гвинеја
Група Е: Норвешка, Португалија, Бразил, САД
Група Ф: Шведска, Шпанија, Јапонија, Чиле
Група Г: Словенија, Исланд, Куба, Зеленортски Острови
Група Х: Египет, Хрватска, Аргентина, Бахреин

Македонија ќе игра во групата Д, во градот Вараждин. Хрватите добија четири групи од првата фаза, по една во Вараждин и Пореч, како и две во Загреб. Од друга страна Норвежаните и Данците ќе организираат по две групи во Осло и Хернинг.

Светското првенство се игра од 14 јануари до 2 февруари следната година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ