Македонија утре (четврток) во Вараждин има нов предизвик на Светското првенство, играме со селекцијата на Катар која е предводена од селекторот Веселин Вујовиќ.
„Катар одигра неколку одлични натпревари на Светското првенство. Тоа е борбена селекција со многу натурализирани ракометари, кои прават разлика на теренот. Не очекува ептен неизвесен натпревар. Очекувам уште еднаш да бидеме на високо ниво, ќе видиме дали тоа ќе биде доволно за позитивен резултат“, вели Лазаров.
Натпреварот меѓу Македонија и Катар почнува од 15:30 часот.