петок, 18 октомври 2024

Лавров: Војната ќе трае се додека Западот не се откаже од плановите да ја порази Москва

Објавено на

часот

Сподели

Целта на „колективниот Запад предводен од САД“ е да ја зајакне својата глобална хегемонија, изјави Лавров за весникот „Компас“.

Рускиот министер треба да присуствува оваа недела на самит во Источна Азија и на регионалниот форум на АСЕАН во Џакарта, како и американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

„Зошто вооружениот конфликт во Украина не престанува? Одговорот е многу едноставен – ќе продолжи се додека Западот не се откаже од плановите да ја зачува својата доминација и не ја надмине опсесивната желба да ѝ нанесе стратешки пораз на Русија од своите киевски марионети“, се вели во транскриптот од разговорот објавен на веб-страницата на руското Министерство за надворешни работи.

Лавров, исто така, го обвини Киев дека го игнорирал мировниот план на Индонезија и наместо тоа, промовира сопствен „пакет ултиматуми“.

Украина го отфрли индонезискиот план, кој вклучуваше повик за формирање на демилитаризирана зона, повторувајќи го ставот на Киев дека Русија треба да ги повлече своите војници од Украина, потсетува Ројтерс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ