Лавров ова го изјави по денешната средба во Катар со сојузникот на претседателот Башар ал Асад Иран и поддржувачот на џихадистите Турција, а целта на разговорот била да се спречи Сирија да заврши во хаос по исклучително брзото напредување на исламистите во последните денови.
„Недозволиво е на терористичка група да ѝ дозволиме преземање на контрола на територијата, при што се вршат важни договори“, кажа Лавров, повикувајќи се на Резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации од 2015 во која, како што кажа, „силно се истакнуваат суверенитетот, територијалниот интегритет и единството на Сириската Арапска Република“.
Шефот на руската дипломатија алудира на групата Хајат Тарир ал Шам, терористичка група која ја предводи офанзивата, а е сириска гранка на Ал каеда. Ал Шам во последните години се обидува да го смени имиџот, но Обединетите нации и меѓународната заедница ја водат како терористичка организација.
Лавров и иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи на маргините на форумот во Доха, разговарале со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан. Арагчи кажа дека тројцата министри се сложиле околу потребата за иницирање „политички дијалог меѓу сириската влада и легитимните опозициски групи“.
Трите земји од 2017 година се партнери во рамки на таканаречениот Астански процес со кој се сака да се заврши граѓанската војна во Сирија, која трае од 2011 година.
Москва и Техеран пружаат воена поддршка за на силите на Асад да им се помогне да го сопрат напредувањето на бунтовниците.
Анкара поддржува дел од џихадистичките групи кои учествуваат во офанзивата, но размерот на колапсот на силите на Асад ги изненади сите набљудувачи.