четврток, 20 февруари 2025

Лавров: САД почнуваат подобро да ја сфаќаат позицијата на Русија

Преговорите кои траеја четири и пол часа во Ријад беа првите на такво ниво од почетокот на конфликтот во Украина, во февруари 2922 година.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Целта на состанокот е да се постават темели за повторно придвижување на билатералните односи по враќањето на Доналд Трамп на власта и неговиот телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, засега оставајќи ги Киев и Брисел на страна.

Разговорите сепак претставуваат и почеток на решавањето на конфликтот во Украина, според Вашингтон и Москва, како и на дискусијата за безбедноста во Европа во целост, наведе Кремљ.

„Имам причина да верувам дека Американците почнаа подобро да ја разбираат нашата позиција“, кажа шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на конференција за медиумите, истакнувајќи дека разговорот со неговиот американски колега бил корисен.

„Не се слушавме само едни со други, туку и се договоривме. Нашите национални интереси нема секогаш да се поклопуваат, но кога не се поклопуваат, важно е тие разидувања да се решат и да не предизвикуваме воени судири“, кажа Лавров.

Рускиот министер за надворешни работи додаде дека на состанокот имало „голем интерес за отстранување на вештачките пречки во развојот на заемно корисната економска соработка“, алудирајќи на санкциите кои Западот ги воведе против Москва по инвазијата во Украина.

Лавров кажа дека Москва и Вашингтон ќе именуваат свои преговарачи за прашањето за решавање на конфликтот во Украина.

Истакна дека Русија и понатаму се противи на распоредување сили на земјите членки на НАТО во Украина, дури и под национални знамиња или знамето на ЕУ, додека Брисел и Киев изнесуваат идеја за такви сили на украинска територија, за да се осигура безбедноста на таа земја и почитувањето на идниот договор за завршување на конфликтот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ