петок, 18 октомври 2024

Лавров: Русија ќе преземе мерки поради ширењето на НАТО

Објавено на

часот

Сподели

„Дефинитивно ќе донесеме заклучоци во зависност од тоа колку НАТО брзо и екстензивно ќе ја користи територијата на Шведска и Финска. Нема сомнеж дека тоа ќе биде направено, бидејќи Хелсинки и Стокхолм веќе разговараат со Соединетите Американски Држави за разни прашања кои се однесуваат на разместување на инфраструктурата на тој воен сојуз точно на руската граница со Финска и многу блиску до нашата граница со Шведска“, истакна тој на конференција за медиумите.

Според шефот на руската дипломатија, ќе бидат заштитени сите легитимни безбедносни интереси на Русија и преземени сите неопходни мерки во пракса, пренесува ТАСС.

„Беше изненадувачко колку Финска и Шведска брзо се откажаа од својот неутрален статус и предноста која тој со децении им ја пружаше, обезбедувајќи нивна релативно независна улога, како и репутација и авторитет и во Европа и на меѓународната сцена“, истакна Лавров.

Како што истакна, двете земји се откажале и од користа која претходно ја имале од своите специјални трговски, економски, инвестициски и други врски со Русија.

„Сите национални интереси на финската и шведската држава се жртвувани на потребата да се обедини Западот во борбата против Русија, во овој конкретен случај“, истакна Лавров.

Анкара во понеделникот се согласи да го укине ветото на приемот на Шведска во НАТО по разговорот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган со шведскиот премиер Улф Кристерсон, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, одржан пред самитот на НАТО во Вилнус.

Шведска вети дека нема да ги поддржува организациите кои Анкара ги смета за терористички и ќе ѝ ја пружи на Турција сета можна помош во врска со нејзините евроинтеграции.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ