четврток, 20 февруари 2025

Лавров: Престанете да се мешате во внатрешните работи на Србија

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров изјави денес дека Русија го осудува мешањето на другите, пред сè западните земји, во внатрешните политички процеси во Србија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој истакна дека Русија инсистира да се престане со таквата пракса.

Лавров на конференција за медиумите по состанокот со министерот за надворешни работи на Србија Марко Ѓуриќ во Москва истакна дека раководството на Србија и претседателот Александар Вучиќ ја имаат поддршката од Русија во своите напори да не дозволат дестабилизација на ситуацијата во земјата.

„Претседателот Вучиќ изнесе конкретни факти за грубо мешање на странски држави во внатрешните политички процеси во Србија. Ние таквата пракса ја осудуваме и инсистираме принципот на немешање во внатрешните работи цврсто да се почитува од страна на сите, а пред сè од нашите западни колеги кои одамна ја градат својата дејност со користење таканаречени невладини организации на државна сметка, вклучувајќи и средства од американски УСАИД за да се разниша ситуацијата, за да остварат поголемо влијание во своја корист и при тоа ги игнорираат темелните интереси на народите н тие држави“, кажа Лавров.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ