„Како што претседателот Владимир Путин многупати кажа, Русија е спремна за преговори, за време на кои мора да се обезбедат нашите легитимни национални интереси, не на сметка на интересите на другите, туку во контекст на договор за сеопфатен безбедносен систем, во чии рамки никој нема да биде ранлив“, рече Лавров.
Тој посочи дека причините за украинската криза се длабоко вкоренети, но дека Русија повеќе не сака да губи време зборувајќи за нив, туку инсистира да ги елиминира.
„Се работи, пред сè, за заканите за безбедноста на Русија преку проширувањето на НАТО на исток и курсот на режимот во Киев, кој дојде на власт со неуставен пуч, а потоа и за зачувување на рускиот јазик и култура. Само целосното и неповратно отстранување на основните причини за конфликтот може да го отвори патот за негов крај“, рече Лавров.
Тој изјави дека станува збор само за спроведување на принципите на Повелбата на Обединетите нации и почитување на договорите што беа усвоени со консензус во ОБСЕ, а сега се прецртани.