Зборувајќи на конференција во Москва со генералниот секретар на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) Феридун Синирлиоглу, Лавров праша кого мировни сили ќе имаат задача да го штитат во Украина по мировниот договор со Русија.
„Што миротворците, така да ка/ам, ќе штитат? Тоа што остана од киевскиот неонацистички режим кој донесе закони за искоренување на руската култура, јазикот и медиумите и ја забрани Украинската канонска православна црква?“, праша Лавров.
Лавров истакна дека примарната цел на Москва е да го сопре прогонот на сè руско во Украина. „Во спротивно, тоа изгледа како обид со испраќање мировни сили она што остана од режимот да се спаси од гневот на народот“, оцени Лавров.
На прашањето за можен ангажман на ОБСЕ во договорот меѓу Киев и Москва, Лавров изрази скептицизам, истакнувајќи дека таа организација и претходно учествувала, а Москва има забелешки на тоа учество.
Синирлиоглу кажа дека вложи напори да се оконча војната која предизвика големо патење на милиони луѓе.