Интер се изедначи на врвот на табелата со Аталанта, избраниците на Симоне Инзаги вечерва со 0-3 славеа на Сардинија против Каљари.
По прво полувреме без погодоци, Бастони го отвори резултатот во 53. минута од мечот, дефанзивецот веројатно сакаше една нафрлена топка да ја врати во петерецот, но обидот со глава заврши во аголот од гол за 0-1.
Во 71. минута, Лаутаро Мартинез стави крај на црната серија и по речиси два месеци постигна гол за водство од 0-2.
Трите бода беа потврдени во 78. минута, Чалханоглу од пенал ги постави конечните 0-3.