вторник, 11 февруари 2025

Лашкоска: Конечно се формирани регионални центри за управување со отпад

Еден од посериозните проблеми со кои се соочуваме, за кои Владата зацрта да го реши е отпадот. Конечно се формирани регионални центри за управување со отпад за да можеме да се справиме со овој проблем во државата. Такви ќе има неколку во Република Македонија, распределени по региони, вели за поткастот „ВМРО-ДПМНЕ зборува-Унија на жени“ Ана Лашкоска, заменик министерка за животна средина и просторно планирање, а претходно и долгогодишен пратеник во македонското Собрание.

Објавено на

часот

Сподели

Таа појаснува дека во Источниот и Североисточниот регион ваквиот проект е во една напредна фаза и истиот се реализира заеднички со Европската Унија како партнерски проект додека пак, во останатите делови се работи за проекти кои ќе се реализираат со средства од државата. На овој начин, конкретно во оваа област, се постигнати значајни чекори напред благодарение на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и истото ќе претставуваат еден одличен пример за Балканот.

„Резултатот можеби веднаш не се гледа, меѓутоа можам да кажам дека многу посветено и секојдневно работиме на решавање на овој проблем и дефинитивно овој проблем не може да се реши за кратко време. Ние донесовме и Акциски план и секојдневно апелираме, но ако ова не се почитува нема да имаме никаков успех, односно мора да се зголеми свеста кај секој од нас. Краткорочниот Акциски план го направивме во рамки на Министерството за животна средина каде формиравме една работа група којашто вклучи и претставници на други релевантни институции. Тука најголемо учество и многу се важни локалните самоуправи односно градоначалниците коишто зедоа свое учество преку ЗЕЛС, Министерството за внатрешни работи исто активно работи на контрола на возилата, на условите кои треба да ги исполнат и на станиците за технички преглед“, објаснува Лашкоска зборувајќи за една од најгорливите теми поврзана со загадувањето на воздухот.

Според неа, тука голема улога игра и градежната инспекција која треба да излезе на терен не само на централно, туку и на локално ниво за да утврди дали градежниците постапуваат согласно со пропишаните мерки во краткорочниот план. Лашкоска информира дека паралелно на терен излегува и инспекцијата на централно ниво согласно Акцискиот план кој предвидува редовна проверка на инсталациите за греење во малите и средните фирми и каков материјал тие користат за загревање.

„Владата има план за почист воздух 2024-2030 година. За намалување на загадувањето мора да имаме еден долгорочен план кој мора да се реализира во наредните години. Имено еден од проектите коишто ги најави и претседателот на Владата е когенеративни гасни централи, во моментов и се преговара со инвеститори. И со директорот на Македонски шуми разговаравме дека во наредниот период почнувајќи од 2025 година на граѓаните да им се дава квалитетно огревно дрво, понатаму ќе ги менуваме топлинските пумпи во институциите меѓутоа и ќе субвенцонираме топлински пумпи на домаќинствата и семејствата“, прецизира Лашкоска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ