недела, 2 февруари 2025

Лапорта донел одлука, Чави ќе добие отказ

Чави ќе замине од Барселона по крајот на сезоната, претседателот Лапорта одлучил да му врачи отказ и да донесе нов тренер.

Објавено на

часот

Сподели

Најголемите каталонски весници, „Мундо Депортиво“ и „Спорт“ се едногласни, имаат иста информација, Лапорта одлучил да му даде отказ на Чави.

Претседателот на Барселона му се налути на Чави по една негова прес конференција на која тренерот велеше дека не можат да се носат со Реал Мадрид бидејќи поради тешката финансиска ситуација не можат да го засилат тимот како што сакаат.

Песимистичката изјава на Чави не му се допадна на Лапорта, напротив го разбесни до степен да одлучи да го избрка тренерот иако пред само некое време се договорија тој да остане.

До доцна синоќа траел состанокот на раководството на Барселона на кој било одлучено следната сезона да се почне со нов тренер.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ