Пријателскиот натпревар помеѓу Ал Наср и Интер Мајми беше најавуван како „Последниот танц“ на Кристијано Роналдо и Лео Меси, но вечерва немаше дуел на двете големи имиња.
Португалецот поради повреде беше на трибини, додека пак Лео Меси мечот практично го преседе на клупа и влезе во игра во завршницата.
Во отсуство на двете ѕвезди, Талиска го украде шоуто со хет-трик, а Ал Наср го понижи Интер Мајами и го совлада со 6-0.
За одбележување е и голот на Лапорт, кој ја затресе мрежата со удар од преку 60 метри и мајсторски го лобуваше гостинскиот голман од својата половина.