Месечната заработuвачка на сезонските работници во Хрватска е 1.300 евра, со платено сместување и храна.
Според податоците на хрватското МВР, најголем број работници во Хрватска има од Непал. Веднаш зад нив се Индијците, а освен од Македонија, голем е бројот на работниците и од Филипини, Бангладеш, Косово, Турција и Албанија.
Вкупно Хрватска издала 172 илјади работни дозволи на странци за трајно вработување, што претставува рекорд во оваа држава.
Хрватскиот завод за вработување објави дека најмногу странци имало вработени како градежници, келнери и куварски помошници.