„Нашиот тим на заловувачи оваа недела (10-14. Јули) ќе ги посети следниве локации: бул. Цветан Димов, ул. Џон Кенеди, ул. Ферид Бајрам, ул. Дижонска, ул. Втора македонска бригада, како и други локации. Заловувачкиот тим ќе го залови секое бездомно куче кое што ќе го сретне во овие реони, а кое го нема поминато хуманиот третман“, соопшти ЈП Лајка.
Доколку граѓаните од гореспоменатите реони имаат бездомно куче кое сакаат да го посочат на тимовите, нека се јават на 02 256 5859 / 071 219 925 или нека пријават на [email protected]
Исто така граѓаните може и да помогнат во акцијата, со тоа што сами би пријавиле бездомно куче, кое можат сами да го донесат во стационарот со претходна најава, посочуваат од Лајка.