среда, 23 октомври 2024

Лабуристите им нанесоа двоен пораз на конзервативците на Сунак

Британската Лабуристичка партија во петокот им зададе голем удар на конзервативците на премиерот Риши Сунак победувајќи на т.н. дополнителни избори во две општини што се традиционално конзервативни упоришта, што покажува дека главната опозициска партија, сега побогата за два претставници, е на пат кон победа на националните избори на крајот на годинава.

Објавено на

часот

Сподели

Дополнителните избори беа одржани во Кингсвуд, во близина на Бристол, и во Велингборо, Нортхемптоншир.

Дополнителните избори во Велингборо се одржуваат бидејќи поранешниот конзервативен пратеник Питер Боун беше суспендиран од парламентот, откако беше прогласен за виновен за малтретирање член на персоналот. Во Кингсвуд, поранешниот конзервативен пратеник Крис Скидмор поднесе оставка во почетокот на јануари во знак на протест против владините планови да ги зголеми дупчењата за нафта и гас во Северно Море.

Овој двоен пораз на владејачката партија сигурно нема да помогне да се замолчат сѐ погласните критики кон Сунак. 43-годишниот инвестициски банкар се бори да ја крене својата партија, која паѓа, и покрај тврдењата дека е храбар реформатор, цврст технократ и некој кому му треба само уште малку време да се „држи до планот“, бидејќи, како што рече, планот функционира.

Но лабуристите водат во анкетите и Сунак може да почувствува потреба да попушти пред барањата на некои членови на партијата и да му понуди на својот сè понезадоволен електорат десничарска конзервативна агенда пред изборите.

Лидерот на лабуристите Кир Стармер не го крие задоволството од двојната победа.

„Откако освоивме две упоришта на ториевците, можеме со сигурност да кажеме дека Лабуристичката партија е повторно во служба на работните луѓе и ќе работиме неуморно за да ги исполниме нивните очекувања“, рече Стармер.

Во Велингборо лабуристите освоија парламентарно место со 13.844 гласа, додека конзервативците останаа на 7.408. Речиси 4.000 гласа освои десничарската Реформска партија, по што претседателот на Конзервативната партија Ричард Холден рече дека гласот за таа партија е глас за лабуристите.

Во Кингсвуд, во јужна Англија, лабуристите освоија 11.176 гласа, а кандидатот на конзервативците 8.675.

Гласачите го казнија Сунак и со слаб одѕив на изборите, разочарани од рецесијата забележана во втората половина на 2023 година.

Поделбите, меѓутоа, не ги избегнаа ниту Стармеровите лабуристи, пред сѐ поради конфликтот на Блискиот Исток и напуштањето на определбата за одржливи инвестиции.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ