петок, 18 октомври 2024

Квалитативните критериумите ќе бидат филтер за вработување на 300 доктори специјализанти, вели Ѓеорѓиева

Просекот, годината на специјализација, местото на живеење на специјализантот и типот на специјализација согласно потребите на јавното здравство се  критериумите за вработување за кои денеска разговарале претставници на Здружение на лекари специјализанти со министерот за здравство Арбен Таравари, информираа од Здружението.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираше Александра Ѓорѓиева, претседателка на Здружението на лекари специјализанти, средбата била продуктивна и во позитивна атмосфера.

„На средбата министерот Таравари образложи дека се обезбедени 300 согласности за вработување во текот на оваа година и дополнително ќе бидат обезбедени уште 300 согласности за вработување во текот на следната 2025 година. Со оглед дека вкупниот број на приватни специјализанти е околу 600, оваа мерка би опфатила активно вработување на сите колеги на приватна специјализација“, изјави за МИА Ѓеорѓиева, нагласувајќи дека како Здружение сметаат дека ова е монументален исчекор.

Дополни дека се договориле за следните чекори, кога колегите би доставиле податоци од личен карактер до Министерството за здравство, со цел да се направи регистар и подобро планско вработување во текот на месец септември.

Претходно, министерот Таравари информираше дека треба да се постават критериуми и потоа да побараат каде има интерес во јавните здравствени установи.

Со одлуката на Владата, Министерството за здравство е задолжено да ги формулира критериумите по кои ќе се вработат специјализантите во две фази, во наредните две години по 300 лица годишно.

На овој начин, според Владата, ќе се даде шанса за млад здравствен кадар во македонското здравство, активно ќе се влијае за намалување на метежот во здравствените институции и ќе се излезе во пресрет на долгогодишните барања за доекипирање на здравството.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ