петок, 20 септември 2024
Прес-конференција на СДСМ

Кузеска: Се враќа МВРО-ВМРО – ослободен од одговорност бодигардот на Мицкоски

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска денеска на прес-конференција рече дека објавува нов скандал поврзан со премиерот Мицкоски и министерот Тошковски, а станува збор за ослободување од одговорност на полицаецот кој тепаше друг полицаец. „Се враќа МВРО-ВМРО на голема врата“, нагласи Кузеска и додаде дека јавноста уште еднаш ќе се увери дека со Мицкоски и Тошковси, како што рече, нема ниту правда, ниту одговорност за блиските до ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

часот

Сподели

„Обезбедувањето на Христијан Мицкоски, полицаецот Ивица Бисовски, кој тепаше друг полицаец пред кафе барот Мош во Скопје, Тошковски го ослободил од одговорност. Сериозниот инцидент, се случи во февруари 2024 година, а натепан беше полицаец, инспектор во НТШ додека спроведувал акција против дрога. Беше поведена дисциплинска постапка и комисија, а лично Тошковски најавуваше и кривични пријави. Се случи спротивно. Тошковски го ослободува Бисовски“, рече портпаролката на СДСМ.

Кузеска нагласи дека иако Комисијата за дисципинска постапка побарала Бисовски да биде казнет, лично Панче Тошковски го ослободил бодигардот на Мицкоски од одговорност. За блиските луѓе на Мицкоски, како што рече таа, сè е дозволено, дури и да тепаат полицајци.

Портпаролката на СДСМ цитираше изјава на Тошковски од 19 февруари, по инцидентот, кога бил технички министер: „Одреден припадник на МВР сторил насилство со што ја погазил честа на службите во министерството, па и честа на Македонија“

„Е па министре Тошковски, вие денеска не само што го погазивте зборот, ја погазивте честа и угледот на целото МВР, на сите полицајци. Покажавте дека ниту за правдата, ниту за одговорноста, ниту пак за тепаниот полицаец кој изеде ќотек пред кафе барот Мош воопшто не ви е грижа“, рече Кузеска.

Таа го повика министерот Тошковски да одговори на прашањата:

„Дали оваа срамна одлука е донесена под директен налог на Христијан Мицкоски? Која е вистинската причина за која е ослободен Бисовски“?

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ