четврток, 31 октомври 2024

Куртоа доживеа нова сериозна повреда

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, штотуку се врати на тренинзите со тимот, повторно заработи повреда која значи крај на оваа сезона за него.

Објавено на

часот

Сподели

Куртоа првата повреда на лигаментите ја заработи во август минатата година, а денеска доаѓа информацијата дека го скинал менискусот на десното колено.

Повредата се случила за време на денешниот тренинг, а прегледите покажале дека ќе мора да му биде извршена нова операција.

Прогнозите се дека Куртоа ќе биде отсутен од терените уште два месеци, тој ќе биде во трка со времето за настап на Европското првенство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ