Тој го повтори своето мислење дека зад инцидентот на каналот Ибар-Лепенац стои Србија.
Пленковиќ кажа дека е добро тоа што е отворена истрага за, како што го нарече, „терористичкиот напад“, додека од друга страна верува дека истрагата ќе доведе до сигурни и содржајни информации. „Потоа на сите ќе им биде јасно за што станува збор“, оцени Пленковиќ.
Курти наведе дека чека истрага за „професионалниот терористички напад“. „Сè покажува дека тоа не го направиле обични граѓани и тоа нè наведува да веруваме дека таков напад поддржува и оркестрира Белград“.
„Нервозата во Белград се преведува во агресивност кон Косово“, кажа Курти.
Косовскиот премиер даде свое мислење и за актуелните протести во Србија и за нивното потенцијално влијание на процесот на преговори со Косово. Тој смета дека Белград „не ги научил лекциите од минатото, нарекувајќи ја Србија паравоена држава.
„Во последните сто педесет години Србија имала демократија само две и пол години. Србија не е демократска држава, не се почитуваат човековите права ниту правата на малцинствата. Етаблираниот систем во Србија не верува во политички плурализам, нема владеење на правото и поради тоа имаме вака жестоки студентски протести. Се вратија на она што веќе го знаеме, паравоената држава. Сакаме добрососедски односи, затоа го имаме Бриселскиот договор“, кажа Курти.