петок, 18 октомври 2024

Курти: Мерките на ЕУ се неправедни, но ова не се санкции

Објавено на

часот

Сподели

Изјавата на Курти доаѓа откако портпарол на Европската Унија потврди дека мерките ѝ се соопштени на владата на Косово уште на 28 јуни, како резултат на проценката на ЕУ дека Косово не ги презело потребните чекори за намалување на тензиите на северот.

Курти кажа дека ќе продолжи со својата програма и додаде дека „не може да прави компромиси со владеењето на правото или уставноста на земјата“.

„Значи, ова не се санкции. Но, вистината е дека се привремени, но неправедни мерки бидејќи Косово и неговата влада се најдемократска, проевропска и најнапредна држава и извршна власт“, кажа Курти.

Додаде дека се надева дека „овие привремени мерки ќе бидат многу кратки за поддршката и европската помош да бидат целосни, а можеби и зголемени“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ