четврток, 30 јануари 2025

Курти: Ако Шпанија го признае Косово, тоа би бил имплицитен чекор кон стабилноста на Балканот

Косовскиот премиер Аљбин Курти оцени дека односите на Соединетите Американски Држави (САД) со Косово се силни и дека тесно соработуваат со Вашингтон.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Курти за шпанскиот весник Ел Мундо ги спомна економските договори меѓу Косово и Србија за време на првата администрација на претседателот Доналд Трамп, кои според него биле пристап од тоа време и придонеле за подобрување на стабилноста.

„Косово одржува силни билатерални односи со Соединетите Држави, врз основа на нејзината континуирана посветеност на нашиот суверенитет и нашата интеграција во ЕУ и НАТО. За време на првиот мандат на Трамп, економските договори меѓу Косово и Србија беа приоритет за промовирање на стабилноста, додека администрацијата на Бајден ги зајакна демократските институции на Балканот. Иако овие разлики ги одразуваат промените во пристапот, не верувам дека САД ќе го променат ставот за Косово. Имаме блиска соработка со Вашингтон“, изјави Курти.

Во врска со непризнавањето на Косово од Шпанија, Курти рече дека има и други земји во ЕУ кои имаат посилни врски со Србија од Шпанија, а сепак ја признале независноста на Косово.

„Ова покажува дека признавањето на Косово не е нужно условено од економските врски со Србија, туку со суверена одлука заснована на принципите на правда и меѓународна стабилност. Ако Шпанија го признае Косово, тоа би бил имплицитен чекор кон стабилноста на Балканот. Проширувањето на Европската Унија е на преговарачка маса во Брисел и тоа би бил совршен одговор за оние кои сакаат да го ослабат интегритетот и единството на Европа“, рече тој.

Според неговите зборови, двете земји немаат никакви проблеми меѓу себе кои би можеле да доведат до блокирање на признавањето.

„Шпанија историски беше обележана со територии кои бараа поголема автономија, па дури и независност. Прашањето за Косово нема никаква врска со внатрешно-политичката ситуација во Шпанија“, изјави косовскиот премиер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ