четврток, 6 февруари 2025

„Купи карти сега, искористи ги до 1 јуни“ – нова кампања на ЗОО Скопје

Зоолошката градина на Град Скопје ги повикува сите општествено одговорни компании, ресторани и институции да купат влезници за ЗОО Скопје кои ќе важат до 1 јуни 2025 година, а кои ќе можат да ги поделат на своите вработени,  потрошувачи и клиенти.

Објавено на

часот

Сподели

„Зимата е најчесто период со најмала посетеност, а тимот на Зоолошката градина секогаш се труди и успева животните да добиваат првокласна храна според класифицирана европска табличка и да имаат најдобри услови, иако цената за влез е само 80 денари, а месечните трошоци се речиси три пати поголеми од пред само три години“, се вели во соопштението.

Посочуваат дека со секоја купена влезница се помага за благосостојбата на животните, како и во прославата на јубилејот „100 години Скопје ЗОО“.

Сите заинтересирани може да ги контактираат на [email protected]  .

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ