Поправен нема, денеска ќе бидат познати четирите полуфиналисти, мечевите почнуваат од 14 часот, а по нив ќе видиме кои екипи ќе дојдат на чекор поблиску до големиот трофеј.
Вардар на крилијата на победата во Струга го пречекува есенскиот шампион Силекс. Црвено-црните одиграа одличен натпевар во последното првенствено коло, а тоа им ја зголемува самодовербата пред дуелот со квалитетниот противник.
Силекс кој беше прв во ПМФЛ по крајот на есенскиот дел, не стартуваше добро во пролетниот. Одигра само реми против Тиквеш и загуби од Шкендија. Момците на Васоски ќе се обидат да се прикажат во подобро светло на Градски и да ја продолжат борбата на два фронта.
Дерби меч има и во Струга каде актуелниот шампион ќе го пречека амбициозниот тим на Гостивар. Стружани направија тренерска промена во меѓувреме, а тоа може да внесе доза на свежина во денешната битка.
Во преостанатите две средби фаворитите се јасни, Шкендија му гостува на Детонит, а Брера го пречекува Арсими.
Четвртфинале Куп на Македонија:
Вардар – Силекс
Струга – Гостивар
Детонит – Шкендија
Брера – Арсими