петок, 18 октомври 2024

Кумот на Вучиќ пијан и издрогиран предизвикал сообраќајка, полицајката која го открила тоа е уапсена

Објавено на

часот

Сподели

Како што објави НИН, таа всушност е обвинета дека објавила информации кои српското министерство за внатрешни работи долго време не му ги доставувало на обвинителството – дека Никола Петровиќ бил под дејство на кокаин и алкохол во моментот кога ја предизвикал сообраќајната несреќа на Дедиње.

А Никола Петровиќ му е кум на српскиот претседател Александар Вучиќ. И се наоѓа на слобода. Никола Петровиќ според документите кои полицајката Петровиќ ѝ ги доставила на српската пратеничка Мариника Тепиќ пијан и издрогиран со својот скапоцен автомобил „мекларен“ ја предизвикал сообраќајната несреќа во која повредил две женски лица.

Тој се движел од споредна улица кон главна и не сопрел на знак стоп, туку продолжил со движењето и удрил во друг автомобил. Двата автомобили од силата на ударот завршиле во блиска ограда.

За несреќата полицијата, која секојдневно ја известува јавноста за такви, па и полесни несреќи, не ја известила јавноста, а извештајот за несреќата, според Нова, патувал од полицијата до обвинителството повеќе од 2 месеци.

На Катарина Петровиќ ѝ е одреден притвор по сослушувањето и веќе неколку дена се наоѓа во белградски затвор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ