Лукас Бергвал во средата летна во Барселона, имаше средба со спортскиот директор Деко, се запозна и со тренинг центрите на „каталонците“ и се чинеше дека прашање на време е само кога ќе пристигне потврда за негов трансфер.
Но талентираниот фудбалер од Шведска ја извиси Барселона и реши кариерата да ја продолжи во редовите на Тотнем.
Заслуга за ова има и Дејан Кулушевски, кој потекнува од Македонија, но реши да игра за Шведска.
Напаѓачот денеска го пречекал Лукас Бергвал во Лондон, разговарал со младото момче, му раскажал се за Тотнем и како е да се работи под водство на Анге Постеколу.
Па Лукас Бергвал вечерва ја известил Барселона дека кажал ДА на „спарси“. Се очекува во петок да ги помине редовите лекарски прегледи и да стави потпис на договорот. Тотнем за неговите услуги ќе платат 10+ милиони евра.