среда, 16 април 2025

За прв пат во Тирана ќе се одржи „Недела на македонската култура“

Во Тирана од 23 до 30 април првпат ќе биде одржана „Недела на македонската култура“, манифестација, чија цел е промоција на македонската култура, туризам и економија.

Објавено на

часот

Сподели

Манифестацијата е во организација на македонскиот Културно-информативниот центар и Амбасадата во Тирана, со поддршка на Министерството за култура и туризам, како и албанското Министерство за економија, култура и иновации и Општина Тирана.

Одржувањето на манифестацијата е благодарение на залагањата на вршителот на должноста македонски амбасадор, Љуфтим Спахиу, директорката на КИЦ, Ема Попивода и познатиот македонски активист Ендрит Фетаху, кои кон крајот на јануари имаа повеќе средби со претставници од албанските институции, а посебно со поддршката на Министерството за култура на Албанија и Општината Тирана, кога успеаја да добијат термин и поддршка за одржување на оваа значајна манифестација.

„Недела на македонската култура“ ќе биде отворена на 23 април во 20 часот со концертот на Ема Попивода – пијано и Реа Лемнуша-DJ, во концертната сала на православната црква. На 25 април во културниот центар НОБИС во 19 часот ќе биде отворена изложба на македонска традиционална облека, следниот ден, во 16 часот, во познатата „пирамида“ предвидена е дегустација на вино – избор на македонски вина и на 30 април во 18 часот во театарот Артурбина ќе биде изведена театарската претстава 8 отсто.

Во овие денови центарот на Тирана, плоштадот Народни херои ќе биде обоен во црвено жолта боја, со илјадниците македонски знамиња.

Финансиската конструкција на оваа манифестација е 20 илјади евра, при што 80 отсто од средствата ги обезбедува општина Тирана.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ