недела, 13 април 2025

Велигден во Демир Хисар, голем културен настан на 13 април

В недела на 13 април на градскиот плоштад „8 Септември“ во Демир Хисар по повод на големиот христијански празник Велигден,  ќе се одржи осмиот национален фолклорен фестивал „Велигденски фолклорни средби“.

Објавено на

часот

Сподели

На националниот фолклорен фестивал ќе настапат КУД „Илинден”, Демир Хисар, КУД „Рацин”, Кичево, ЗФА „Копачка”, Драмче – Делчево, КУД „Мирка Гинова”, Демир Капија, КУД „Илинден”, Битола, КУД „7-ми Септември”, Македонски Брод, КУД „Брвеница”, Брвеница и ФА „Гоце Делчев”, Битола.

Фестивалот е во организација на Домот на културата „Илинден”, Демир Хисар, а, традиционално под покровителство на градоначалникот на Општина Демир Хисар и е финансиски поддржан од Министерството за култура и туризам на Македонија – како проект од национален интерес во културата за 2025 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ